Нашата позната фолк дива Елена Јовческа овие дена одмора во луксузно летувалиште во Египет.
После напорното лето исполнето со многу ангажмани и подготовките за новата сезона и претстојните настапи, Елена конечно успеа да одвои време за себе си и да замини на мал заслужен одмор.
На социјалните мрежи сподели и неколку кадри од своето перфектно тело, на кои мами воздишки, исполнети со доза сексапил, затоа што пејачката секогаш умерено знае да ги поврзи кадрите со секси, заводлив изглед, кои се нејзина запазена марка долги години.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Елена Јовческа
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон