Среќен 9-ти роденден Estrada World

Драги наши читатели,

Со доаѓањето на есента, да ги оттргнеме мислите од грижите од секојдневието и да уживаме во убавите мигови кои ни ги дава животот. Денес на ден 6-ти септември го прославуваме нашиот 9-ти роденден.

По тој повод,  ви имаме подготвено низа изненадувања, од кои прво ќе ви претставиме роденденско интервју со познат изведувач од Балканот, а во останатите екслузивните интервјуа кои ви ги имаме подготвено, очекувајте покрај музиката нашите главни гости да зборуваат отворено за се она што нив ги прави среќни. Ќе видите дека среќата лежи во малите нешта кои постојано не опкружуваат, но само треба да ги забележиме и да им отвориме врата да влезат во нашиот живот.

Ние ќе си посакаме нови убави страници, исполнети со море од насмевки, тон среќа, океан од берикет и љубов до небото и назад. Ви благодариме што сте со нас! Уживајте во секој ден од животот!

Главен и одговорен уредник,

Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *