Бугарските ѕвезди Алисија и Борис Солтариски се собраа, за да ги израдуваат нивните обожователи со нивниот прв дует. „В кого да се влюбя” е насловот на песната, снимена како one shot видео.
Парчето е компонирано од Николај Пашев, а текстот кој предизвика многу позитивни коментари е на Росен Димитров. Сценариото на видеото претставува работното секојдневие на Алисија и Борис: таа како пејачка, тој како актер.
Режисер на лентата е Мартин Макариев кој беше режисер и на хит серијата на БНТ – “Под прикритие”.
Автор: Наташа Секуловска