![]() |
Емилија и Мира |
3 – ти октомври е еден до деновите кои оставија специјална трага во срцето на пејачката Емилија, затоа што пред три години таа стана мајка на нејзината ќерка Мира.
„3-ти октомври пред три години беше понеделник , сончев и прекрасен ден како денешниот. Се разбудив и не претпоставував дека точно на тој ден ќе се видам со моето второ сонце. Ми претстоеше нормален преглед, а всушност се претвори во голем ден. Бев пресреќна и истовремено исплашена, затоа што знаев што ме очекува. Во 16:42 минути видов и слушнав уште едно прекрасно нешто, за кое знаев дека ќе го сакам повеќе од се и се молам на Господ да ја чува и пази“ – сподели Емилија.
![]() |
Прослава на роденденот на Мира |
Специјално и за нас Емилија претстави ексклузивни слики од роденденот на нејзината ќерка, кој беше одбележан од страна на целото нејзино семејство, а во меѓувреме продолжува со својата работа и настапите низ цела Бугарија.
![]() |
Прослава на роденденот на Мира |
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Лична архива