Бугарската попфолк дива Румина, одлучи вчера на својот роденден да ги израдува своите обожователи со чисто нова песна и видеоспот, кој премиерата ја направи по програмата на ФЕН ТВ.
„ Многу сакав да го пуштам видеоспотот кон песната „Питај ме“ на мојот роденден, најпрво за да ги изненадам моите обожователи со нова песна, а вооедно да пожнеам успех со неа, како што имав со друга песна пред извесен период, кога снимав видеоспот точно на мојот роденден. Верувам дека бројката 12 ми носи среќа и за мене лично има големо значење“ – изјави екслузивно за нас Румина.
Песната е по музика и аранжман на Мартин Биолчев, со текст на Јордан Гергов. Видеоспотот во кој имаме можност да видиме едeн мини филм, нешто што одамна не ни го прикажала Румина, е дело на режисерот Николај Скерлев, а за кој таа ни сподели дека одамна сакала да направи ваков спот, само го чекала вистинскиот момент и точната песна.
„Мислам дека луѓето ќе се препознаат во историјата на песната. Ќе се сетат можеби за нивната силна и неиживеана љубовна авантура“.
Румина исто така, сними и нова фотосесија, во која заблеска потполно, а за нејзиниот изглед се погрижија Микеле (шминка), Хари Џинов (коса) и Ива Атанасова (стајлинг).