На 4-ти декември познатата бугарска телевизија „Планета“ го прослави својот 21 –ви роденден.
Станува збор за телевизија со која многу од нас го поминаа детството, слушајќи ги вечните хитови на Преслава, Ивана, Глорија, Анелија, Гергана, Рајна...и за сите овие години нејзините гледачи го добија најдоброто од неа. Големи турнеи низ цела Бугарија, концерти во најголемите сали во Софија, како и безброј концерти во странство, оставајќи трага во срцето на сите нас.
Последните неколку години нејзината продукција се снима во Ultra HD-4K формат, кој гарантира одлична слика и звук, а ексклузивно ви откриваме дека тимот на телевизијата ви подготви изненадување за новогодишните и бижиќните празници, а тоа е специјално издание на музичка програма во која учество зедоја многу познати ваши омилени изведувачи, а ќе може да ја гледате околу 24-ти декември.
Тимот на Estrada World и посакува среќен роденден на телевизија Планета и уште поголема гледаност!