Бугарската попфолк дива Теодора, после осум години во Америка се врати во родната земја. Таа веднаш ја изненади публиката со два нови проекти, изјавувајќи дека овој период ќе биде попродуктивна и нејзините обожователи да го очекуваат неочекуваното од неа.
“На мојот прв настап откако се вратив, исто како да немаше разлика. Како да не сум заминала од тука никогаш. Луѓето се забавуваа на истиот начин и ме прифатија исто како и пред 8 години“- изјави таа пред ФЕН ТВ.
Теодора ја престави народната песна на македонска основа „Либе ле“ во програмата на Фен Фолк ТВ. Изведувачката на Diapason Records за оваа песна се довери на Никола Ваклинов и поетесата Биљана Попова. Аранжманот е на нашиот композитор Сашко Митковски, додека пак за видеото се погрижи Ненчо Касамов и истото е снимено во Гиганскиот манастир.
Исто така, песната „Самолет“ се заврти по програмата на ФЕН ТВ. Овој пат таа се довери на тимот со кој соработува долги години – Мартин Биолчев и Јордан Гергов кој е чиста добитна комбинација, а видеото е снимено во Лесново, Бугарија.
“Ова ќе биде линијата на моите нови попфолк песни – ем ќе има драма, која си е мој запазен стил, ем ќе има и малку иронија“– дополни Теодора, а во прилог погледнете за што станува збор:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Diapason Records
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.