![]() |
Емануела и Джија |
Емануела и Джија која е најново пополнување во музичките редици, ги изненадија фановите со заедничко парче, во кое двете пејачки се посексапилни од секогаш, а позитивните коментари не закаснија од страна на публиката кои песната ја оценија како хит.
„Мамино синче“ веќе ја направи својата премиера по телевизија Планета и за неколку дена регистрира над 500.000 прегледи во официјалниот канал на телевизијата во YouTube – PlanetaOfficial.Песната е по музика и аранжман на нашиот композитор кој со години живее и работи во соседна Бугарија Јорданчо Василкоски- Оцко, со текст дело на Александар Попов и Петар Петров. Режисер на видеото е познатиот бугарски режисер Људмил Иларинов – Љуси, со камерман Иван Иванов.
За време на снимањето на видеоспотот, Емануела сними и нова фотосесија, која ќе ја откриете во делот Галерија.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Георги Малев