Без сомневање таа е една од бугарските изведувачки, која со своите песни ги освои срцата на публиката градејќи зад себе успешна кариера, пред сѐ со својот талент кој многупати е признаван и од страна на нејзините колеги. Самата таа признава дека одамна ја избрала музиката за своја професија и верува дека со време успеала да ги реализира сите свои цели.
Оваа година и е една од најпродуктувните и после неверојатниот успех на песната „Посока щастие“, пред еден месец ја претстави и песната „Най-яка“ која е нејзино авторско дело, во стил типичен за неа, ритмичен и енергичен. Аранжманот е на Фахредин Чилингир (Фари) и Ивајло Петков со текст на Јордан Геров, додека пак режисер на видеото е Добромир Николов.
Исто така, Бони ја изненади публиката споделувајќи ја својата авторска балада „Няма Кой“ која е запишана уште во 2018-та година, откривајќи дека точно таа песна преставува нејзината лична исповед.
„Предностите за да бидеш самостоен продуцент е тоа што можеш да правиш песни кога имаш муза и кога ќе посакаш. За сите овие години, сите песни кои ги имам создадено, се песни кои лично јас сум ги почуствувала или сум ја создала нивната музика или текст. Тоа е една интиуција да направиш нешто и да не згрешиш. Едноставно чуствуваш дека имаш идеја за песна, му се јавуваш на композиторот за да се оформи од идеја во еден проект, снимаш видео, се организираш и брзо стануваат работите. Така имам повеќе продукција и сум присутна постојано на сцената. За да успееш толку години, треба да си присутен постојано во работата, а кога си во фирма треба да добиеш одобрение за една песна, а тоа не е добро по мое размислување“ – сподели за нас Бони.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Бони
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон