Џордан и Лорена ги изненадија своите обожователи со дует кој го носи насловот „Крадена любов“, кој со самата појава влезе во најслушаните песни во соседна Бугарија.
„Со задоволство ви го претставуваме првиот дует со Лорена – „Крадена љубов“… и ви посакуваме многу не “крадена“, а споделена љубов!“ – изјави Џордан.
Песната е напишана од страна на Петар Петров и Александар Попов, додека пак музиката која веднаш ги освои срцата на слушателите овој пат е соработка помеѓу Џордан и Дејан Асенов. Видеоспотот за кој можеме да кажеме дека е на светско ниво и нaиде на одлични коментари од страна на публиката, го режисираше Људмил Иларионов Љуси и веќе се врти и во програмата на телевизија Планета и телевизија Hit Mix Music TV.
„Најважно е да се претстави квалитетна продукција. Публиката има свој вкус и таа решава што ќе се слуша и смело можам да кажам дека не е потребно да бидат познати автори, ние имаме многу талентирани композитори и писатели. Повторно велам дека желбите на публиката се најважни и од нив зависи колку едно парче ќе биде прифатено и затоа ние се трудиме да предложуваме песни по нивни вкус“ – категорична е Лорена, а целото интервју со неа може да го прочитате во делот Интервју.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.