Пејачката Цветелина и нејзиниот долгогодишен колега и пријател Руси Русев го запишаа нивниот прв дует.
Музиката на песната е напишана од Руси Русев уште пред десетина години, додека текстот е на познатиот бургаски поет Вањо Валчев. Аранжманот е на гитаристот Максим Горанов. Што се однесува до видеото, тоа е снимано на едно романтично место во Бугарија покрај морето, а како режисер се појавува Петар Иванов.
Имено,Руси Русев и Цветелина ќе ги израдуваат своите фанови не само со една прекрасна балада, но и со видеоспот кој ќе биде официално презентиран на 26 септември 2014 од 18:00 часот, на официјалните страници на изведувачите во facebook.
Автор: Наташа Секуловска