Бугарската пејачка Емануела, овие денови ги воодушеви своите обожователи низ социјалните мрежи со својата најнова песна „Устните ти мръсни“, која ќе доби и своја премиера на живо уште утре во познат клуб во Софија, каде што пејачката има свој настап.
Песната е дело на Сиана, Анастасија Мавродиева и Даниел Ганев, додека пак видеото е снимено од страна на режисерот Николај Скерлев, а Емануела за време на снимањето сними и нова „жешка“ фотосесија со фотографот Георги Малев, истакнувајќи ја сексапилната пејачка во типичниот за неа стил, откривајќи ја нејзината одлична фигура и за кратко време собра многубројни комплименти од фановите.
„Устните ти мръсни“ може да ја гледате и по програмата на телевизија Планета, како и во официјалниот канал на Емануела во YouTube – Emanuela.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Георги Малев
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.