Анелија и Миро се собираат по неколку години разделба

Анелија и Миро повторно ќе ги  зарадуваат своите фанови, кога на нејзиниот коцерт по повод новиот албум „Феноменална “ на 29 номеври на сцената ќе ја испеат нивната дуетна песна – “Завинаги”.


–  “Миро е пред сè голем човек и мој пријател. Ќе се чувствувам среќна кога знам дека тој ќе е до мене ” изјави  Анелија за Планета ТВ.


За последно двајцата настапија  на една сцена пред 2 години кога повторно под придружба на Дани Милев Бенд ги зарадуваа своите обожаватели.  Инаку во меѓувреме Анелија сними видеоспот на нова песна за која наскоро ќе ви претставиме повеќе детали, а ќе биди вклучена во новиот албум кој излегува до крајот на овој месец.



Автор: Наташа Секуловска


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *