(Видео) Тања Боева – Извинявайте, че сме щастливи


Бугарската пејачка Тања Боева пред неколку дена ја претстави својата нова песна “Извинявайте, че сме щастливи”. 


Песната е по музика на Konstantinos Miliotakis/ Dimitrio Tsata, текстот е дело на Мариета Ангелова, додека пак режисер на видеото е Николај Скерлев.

– “Работам од неколку месеци по овој проект, кој е многу емоционален за мене. Мислам дека е нешто многу силно, многу вредно. Моите обожаватели ќе ме видат таква каква ме знаат – со сериозни и вредни песни, со длабоки пораки кои остануваат подолго време во срцата на луѓето и тоа беше мојата идеја ” – раскажува Тања.

Пејачката реши специјално да ја претстави песната на македонската публика преку нашиот сајт, па дали ви се допаѓа новиот проект на прекрасната Тања ќе научиме од вас. 



Автор: Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *