Својата долгоочекувана премиера вчера по Планета ТВ ја доби најновата песна и спот на Татјана – ” През сълзи обичам те”.
Фановите на пејачката ја очекуваа со нетрпение новата балада, бидејќи Татјана одамна немаше претставено таков проект, бидејќи во последните години најмногу претставуваше брзи и динамични песни.
Песната е по музика и аранжман на Дидо Калпаков, а автор на посилниот текст кој допре до срцата на сите, е на самата пејачка и Лора Димитрова. Режисер на спотот е Јордан Петков, со кого работи во последните години.
Дали и вие го делите мислењето дека песната е веќе хит, ќе научиме од вашите коментари.
Автор: Наташа Секуловска