Анелија реши да ги израдува своите обожоавтели со нов сингл, по повод Новогодишните и Божиќните празници.
Песната „Мило мое“ се појави вчера во официјалниот канал на телевизија „Планета“ во YouTube со слајдшоу кое изобилува со кадри од последната фотосесија на пејачката. Парчето е дело на композиторот Николај Пашев, додека пак текстот е на поетесата Петја Радева.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Теди Грозданов