На 5 јули точно во 13.13 часот најновиот спот на бугарската ѕвезда Глорија, насловен “На по-добрите стрелци”, направи своја премиера во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial.
Мелодијата веднаш го привлече вниманието на фановите и предизвика бран од позитивни коментари. Парчето е по музика и аранжан на Калин Димиторов, додека пак текстот е на самата Глорија и Мариета Ангелова.
Глорија сподели дека зад овој видеоспот стои голем тим од професионалци, а режисерот Људмил Иларионов – Луси заложил на модерен спот кој ја доловува суштината на песната.
Автор – Наташа Секулов