Бугарската пејачка Преслава реши да ги изненади нејзините фанови со веста дека подготвува нови песни кои да ги очекуваат во текот на оваа година, меѓу кои и дует со новата пејачка Вања.
Двете изведувачката се пријателки одамна, но сега откако Вања веќе е дел од најуспешната музичка компанија во Бугарија „Пајнер“, тие одлучија да ги здружаат нивните гласови во заеднички музички проект.
Песната се вика „Нокаут“ и е по музика на Даниел Ганев, а текст на Мариета Ангелова. Планираат да снимаат и видеоспот кој фановите им можат да очекуваат во текот на месец март, а во меѓувреме Преслава сними и видео кон нејзината балада „Ако утре ме губиш“, која е номинирана и за Балада на 2014 година во годишните награди на Планета ТВ.
Автор: Наташа Секуловска