Еден од најомилените пејачи во Србија Саша Ковачевиќ, за прв пат во својата солистичка кариера ќе одржи концерт во Скопје. Местото на настанот е закажан во Арена „Борис Трајковски“ на 19 март.
Сите оние кои ќе присуствуваат ги очекува неверојатна емоција и забава, а Саша изјави дека и покрај неговите песни ќе испее и неколку на легендарниот Тоше Проески, а деновиве се наоѓа во Тајланд на одмор за кој изјави дека му е потребен, за да може потоа да се посвети на концертите кои го очекуваат во цела Европа.
Потсетуваме дека неговиот последен сингл „Zivim da te volim” ги руши сите рекорди на гледаност, а пејачот вети дека и оваа година ќе ги израдува многубројните обожователи со добри песни, а и со нов музички албум.
Автор: Наташа Секуловска