Телевизија Планета по традиција ги додели своите годишни музички награди на свечената церемонија која се одржа во сала ЕFE – Хотел “Маринела” во Софија. Во улога на водител оваа година беше пејачот Устата, кој со својата оригинална реторика успеа да ја вжешти атмосферата.
Наградите предизвикаа лавина коментари во социјалните мрежи, и како и секогаш има фанови кои ги подржуваат оние кои победиле и оние кои не се согласуваат со тоа. Како и секоја година така и оваа беше доделена престижната награда за Пејачка на годината која ја зеде Преслава, додека за Пејач повторно беше избран Фики.
Джена беше наградена за Оригинално присуство на клубната сцена и за Амбасадор на бугарската музика надвор од границите на Бугарија. Додека пак нејзината колешка Анелија ја доби наградата за Песна на годината со „Генерал“, а Галин беше прогласен за Машки музички Идол на 2015 година, а Галена за женски. Ивана беше наградена за традиција и иноваторство, додека пак за народен албум наградата и беше доделена на Емилија.
Автор: Наташа Секуловска