Бугарската ѕвезда Преслава беше одредена како фаворит на бугарските фанови за да ја представува Бугарија на Евровизија откако беше спроведена онлајн анкета и освои 5413 гласа, оставајќи ги зад себе Жана Бергендорф и Поли Генова.
Највлијателниот блог во Европа – http://wiwibloggs.com веќе неколку пати ја објави оваа информација за Преслава, постојано фалејќи ја нејзината оригиналност, талент и популарноста која ја има. Но, сега останува отворено прашањето дали БНТ ќе ја послуша публиката и ќе ја испрати Преслава на Евровизија во Стокхолм во мај оваа година.
Автор: Наташа Секуловска