Долгоочекувана премиера на дуетот на Галена и Десислава стана факт пред неколку часа. Песната се вика „В твоите очи“ и неколку дена претходно на роденденот на пејачката Галена ја доживеа својата премиера пред многубројните гостите, но дури денес се појави во YouTube каналот на Планета ТВ– Planeta Official.
Песната е по музика на композиторот Даниел Ганев, а текстот дело на авторката Мариета Ангелова. Спотот кој предизвика много коментари и го привлече вниманието на фановите е дело на режисерот Георги Манов, а е сниман надвор од границите на Бугарија.
Автор: Наташа Секуловска