Ексклузивно ви откриваме дека бугарската пејачка Джена подготвува два нови музички албуми, кои ќе излезат до крајот на оваа година, по повод нејзината десетгодишна музичка кариера.
Актуелниот и хит “Да ти бъда корона” го дава насловот на нејзиниот нов попфолк албум, во кој нејзините фанови ќе откријат десет нови песни од последните три години, после појавата на последниот и албум „Моли се да не почна“.
Конечно, на пазарот ќе се појави и долгоочекуваниот народен албум “Срещна ни хорото”, кој е во соработка со познатиот оркестар „Канарите“. Повеќе песни им се добро познати на публиката, затоа што се дуети на Джена и нејзиниот сопруг – Атанас Стоев и беа претставени минатата година со посебна празнична програма, по повод новогодишните празници.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв