Босанската поп пејачка Маја Беровиќ ја презентира својата најнова песна “Пауза“. Парчето е на Дамир Хандановиќ, додека за текстот беше задолжен Вуксан Билановиќ.
Низ годините како што пишавме претходно пејачката остана верна на добриот стил и прецизен музички избор на песните кои ги претставува, а “Pauza” ја продолжува таа линија. Песната веднаш регистрира многу прегледи на YouTube откако беше презентирана вчера, а фановите веднаш побрзаа да ја пофалат пејачката за добриот проект и дека како и секогаш пријатно ги изненадила.
Видеото е дело на Toxic Entertainment во кое Маја изгледа поубаво од секогаш покажувајќи го своето перфектно тело. Во прилог може да го погледнете видеото и да процените сами дали песната ќе биде вистински хит на Балканот.
Автор: Наташа Секуловска