Откако ги освои топ листите со музичкото предложение „Гот ми е“ бугарската пејачка Анелија ги израдува фановите со ново парче.
Дуетот со Danny „В моя ум“ е поп парче со етно елементи и е по музика на Николај Пашев, додека текстот е на Јордан Ботев. Спотот е летен, забавен, со љубовен мотив и е снимен во Турција. Токму во Аланија, Анелија и Danny за прв пат учат да управуваат скутери, каде што пејачот дури претрпува лесен инцидент за време на снимањето. Но, на крајот резултатот е повеќе од очигледен – Анелија повторно има песна која долго ќе се помни.
Автор – Наташа Секуловска