Преслава го прослави роденденот со нов хит “Няма да ти пиша”!

Денес е многу посебен ден за “Пејачката на 2015”, Преслава, бидејќи на 26-ти јуни ѕвездата го слави својот роденден. 

Уште со првите секунди, пејачката беше изненадена со уникатно видео подготвено специјално за нејзиниот роденден од нејзините колеги и пријатели, како и од најблиското семејство кое може да го погледнете во нејзината официјална страница во социјалната мрежа Facebook. Многу поздрави и подароци доби Преслава, но исто така и по друго нешто ќе го помни овој ден.

Денес беше и  премиерата на нејзиниот најнов спот  “Няма да ти пиша”. Песната носи многу летно расположение, а е по музика и аранжман  на Даниел Ганев, а стиховите на Радостина Денчева.

Estrada World ипосакува на Преслава многу здравје, среќа и уште многу хитови во кариерата!
Автор: Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *