Уште еднаш Саша Ковачевиќ докажа дека е Музичкиот идол на младите. Вистински бум предизвика неговиот нов музички спот за песната – “Zamalo tvoj”. Ова го покажуваат и рекордниот број прегледи кои проектот ги регистрира уште во првите пет дена од излегувањето, а во моментов има повеќе од 1.000.000.
Режисер на парчето е познатиот режисер Педро Васкез кој е познат по тоа што ги режисира спотовите на Енрике Инглесијас, Џенифер Лопез, Шакира, а спотот е снимен во Куба, додека како автори на новото парче се Раде и Саша Ковачевиќ, додека пак текстот е на Милош Рогановиќ.
Во моментов Саша е на концертна турнеја кај нас, а фановите ќе имаат можност да ја слушнат песната во живо на неговите концерти во Пехчево и Охрид.
Автор: Наташа Секуловска