Веќе е факт долгоочекуваниот спот на сексапилната ѕвезда на „Пайнер“ – Емануела, кој е за песната “Почти перфектен“. Според зборовите на изведувачката тоа е нејзината омилена песна, бидејќи ја чуствувала најблиску до неа како емоција.
Песната “Почти перфектен” е по музика и аранжман на Diamond Beat Production, а текстот е напишан од Анастасија Мавродиева. Видеото е дело на режисерот Николај Скерлев, а е снимано во дипломатската резиденција, во духот на замокот Балморал, лоциран во Бојана (Бугарија).
„Вистинска среќа е за мене …на премиерата на “Почти перфектен” да добијам толку многу пофалби и поддршка од сите вас. Очекувајте уште изненадувања од мене во наредната 2017 год.“ – сподели Емануела за нас.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв