Бугарската пејачка Анелија ги изненади пријатно своите обожователи со нова песна, во последните денови од 2020-та година.
Станува збор за долгочекуваната премиера на нејзината најнова балада која носи наслов „Двама“. Песната раскажува за љубовта дека никогаш не згаснува, ако две души вистински се сакаат и тие секогаш ќе најдат начин да бидат заедно до крајот на својот живот. Силниот текст го напиша Петја Радева, додека пак овој пат музиката е дело на композиторот Велислав Драганински, заслужен за еден од најголемите хитови на бугарските изведувачи во соседна Бугарија. Режисер на видеото е Стефан Маринов (Buddubbaz Tape), со камерман Петко Андонов.
Во прилог, погледнете ја баладата која нема да ве остави рамнодушени и веќе е еден од хитовите на оваа сезона:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ