(Фото) Галена се враќа на музичката сцена – сними и нов видеоспот!

Галена ги израдува нејзините фанови со веста дека се враќа на музичката сцена, по раѓањето на нејзиниот втор син Александар.

Спектакуларниот настап е закажан за  18 мај во  Megami Club  во Софија. Несомнено ова е најубавиот подарок кој пејачката ќе си го направи за роденденот на 21 мај. Паралено со враќањето на музичката сцена, Галена е готова со чисто нова песна. Откако во февруари ја пушти песната “Moro Mou”, таа сподели кадар од најновото видео, со кој предизвика многубројни коментари поради неверојатен стајлинг  кој е дело на Добромир Кирјаков.

Сексапилната бугарска ѕвезда исто така во текот на  2016 година  беше избрана за лице на еден од најголемите и најлуксузните модни онлајн шопинг портали – Luisa Via Roma. Специјално за нив таа отпатува  до Фиренца (Италија), каде што и реализира  нова фотосесија, чии кадри може да ги погледнете во прилог.

Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *