Новиот спот на Глорија “Полудяваш по мен” ја направи својата премиера во во официјалниот канал Planeta Official во You Tube, како и на Планета Тв.
Песната е дело на композиторот Калин Димитров, а текстот ја продолжува успешната традиција на заедничко соавторство на Глорија со Мариета Ангелова. Врз реализацијата на видеото пејачката повторно работеше со Ивајло Спасов, кој беше режисер и на нејзиниот самостоен концерт во Сала 1 на НДК минатата година.
Таа изјави пред телевизија “Планета” дека новата нејзината песна е подготвена од пред два месеци, но сега решила дека е дојден моментот да се појави во јавноста .Глорија верува дека со овој свој проект ќе ја изненади публиката пријатно во текот на сезоната, бидејќи е време за забава.
Автор- Наташа Секуловска
Фото -Планета Тв