Преслава ги израдува своите мнoгубројни фанови со премиерата на својата најнова песна „Пада звезда“. Специјално за сите нив, пејачката одлучи премиерата на најновиот и видеоспот да биде на 5 мај, пред големиот христијански празник Ѓурѓовден.
Автори на парчето се Радомир Кишев и самата Преслава, додека пак текстот е дело на Росен Димитров. Режисер, сценарист и оператор на видеото е Георги Марков.
Преслава во видеото овој пат заложува на свеж и модерен стајлинг, кој допринесува тоа да биде исполнето со интересни кадри кои ја истакнуваат нејзината женска убавина.
Погледнете го хитот „Пада звезда“.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв