(Видео) Гергана со предновогодишно изненадување за своите обожователи

Бугарската ѕвезда на Планета Тв – Гергана, одлучи да ги изненади пријатно своите обожователи пред Новогодишните и Божиќните празници.

Имено,  нејзиниот најнов музички проект  “Твоя“ денес ја направи својата премиера во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial,како и по Планета Тв.
Ова е втората самостојна песна на русокосата пејачка за 2018-та година, после премиерата на песната “Само за теб“ која публиката одлично ја прими и и донесе неверојатен успех.
Песната, “Твояе по музика и текст на Невена Пејкова, со аранжман на Преслав Бориславов, додека пак за видеоспотот беше задолжен Јордан Петков.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *