Премиера: Константин и Алисија – „Не си ти“

Првиот дует помеѓу Константин и Алисија е веќе факт. Песната се вика “Не си ти“, и е по музиката и аранжманот на Јоранчо Василковски-Оцко, додека пак текстот е на Мариета Ангелова. Режисер на видеото е Александар Молов, а сценариото носи голема доза провокација.


Ова е првиот проект кој ги обедини двете музички куќи „Пајнер“ и „Ара“ и ќе се врти и по Планета ТВ и по Фен ТВ.Estrada World премиерно ви ја претставува песната, а дали ви се допаѓа ќе научиме од вас.

.
Автор: Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *