(Фото) Ивана предизвика вистинска еуфорија во Скопје!

Ивана ќе го запамети доаѓањето на 2017 година со тоа што успеа да ја  пречека Новата година два пати. Еднаш на 1 јануари во Бугарија и по втор пат – на 13 јануари во нашата земја. Токму тоа  беше и причината Иванаи нејзиниот бенд  да гостуваат во Скопјеи со нивните песни да донесат многу радост и празнично расположение на сите гости. Во главниот град на нашата држава, пејачката беше поздравена како вистинска голема балканска ѕвезда со многу почит и љубов. 

Од секогаш сум знаела дека Македонците носат едно срце со нас, Бугарите, но сега се уверив во тоа. Песните кои ги пејам во Бугарија, се истите кои ги пеев и во Скопје. Вистинско изненадување беше за мене  дека првиот музички поздрав беше со  песната “От извора”, што говори дека мелодијата е блиска до нивните души и ги возбудува исто како и нас “. – сподели Ивана за нас.

Пејачката на народот откри дека веќе работи над нови песни кои ќе бидат претставени наскоро, но дека сонува за еден егзотичен одмор на топло, до некоја далечна дестинација во друштво на најблиските.

Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *