(Видео) Бугарската пејачка Вања предизвика воодушевување кај својата публика со песната „Живот мой“!

Бугарската пејачка Вања го претстави својот прв самостоен музички проект за 2019-та година, после успешниот дует  со DJ Дамјан  „Ще ме предадеш ли”.

Песната „Живот мой“ наиде на одличен прием кај публиката, која веќе бележи рекордна посетеност во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube. Парчето по музика е турски фолкор, со текст напишан од страна на самата изведувачка и Јордан Гергов, додека пак аранжманот го направи Даниел Ганев.  
Видеоспотот го снимаше познатиот режисер Николај Скерлев, а во него сексапилната пејачка блеска со впечатлив стајлинг и изглед, кој наиде на позитивни коментари низ социјалните мрежи. Обожователите коментираат дека изгледа подобро од секогаш.

Како што сподели Вања, мелодијата одамна и била една од најомилените и за неа претставува голема чест што успеала да ја запише во бугарска верзија.
Во прилог погледнете ја песната „Живот мой“:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *