(Видео) Елена Јовческа овој пат ја изненади својата публика со попфолк песна

Нашата позната пејачка Елена Јовческа, смело започна да воведува иновативен дух во народната музика, но и во попфолкот.

Имено, таа вчера го претстави својот најнов музички проект „Не ме допирај“. Песната е авторско дело на самата изведувачка, со аранжан на Никола Кочанковски – Кочан. Снимањето се одвиваше во Охрид под раководство на Ин Продукција, а за нејзиниот стајлинг беа задолжени Снежана и Алек Палада.
„Оние кои биле на моите настапи знаат дека пеам секаков вид на музика, не само народно, меѓутоа поради моите народни инструменти и носијата на мојата публика и е полесно да ме препознава така. Мислам дека младите, а и јас слушаме тоа што ни е убаво. Ако некој смета дека треба да се слуша некоја музика, мислам дека не можиме да го промениме тоа мислење…затоа и пеам сѐ на моите настапи за сите да сме задоволни “. – сподели пејачката за нас.


Но, покрај многубројните настапи, Елена најавува за многу брзо време снимање и на уште еден видеоспот за нова песна, која исто така ќе се најде на нејзиниот нов, петти по ред  албум кој треба да излези наскоро.

 Автор – Наташа Секуловска


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *