![]() |
Джена и Преслава |
Келн и Истанбул се двата градови кои го привлекоја вниманието на две од најпознатите имиња во музичката индустрија во соседна Бугарија, имено Джена и Преслава.
Джена беше специјална гостинка во познат клуб во Келн, Германија, каде што друштво и правеше нејзиниот сопруг Атанас Стоев. Двата не пропуштија да се прошетат низ градот и да ги запечатат убавите моменти со неколку кадри, кои ги споделија со своите обожователи во социјалните мрежи.
![]() |
Джена и Наско, Преслава |
Додека пак, Преслава отпатува до Истанбул, Турција за кој отсекогаш споделува дека ја привлекува со својата богата култура и историја. Овој пат друштво и правеше нејзиниот вереник Павел, споделувајќи неколку кадри од најзабавните мигови поминати со својот сакан, не пропуштајќи да се прошетаат и по најпознатите места, како Сината џамија.
Во меѓувреме, двете пејачки подготвуваат нови песни со кои ќе ги израдуваат своите обожователи, а Джена ексклузивно откри дека оваа година подготвува и два нови музички албуми, едниот попфолк, другиот со народни песни.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ