![]() |
| Галин и Преслава |
„Така ни се пада“ е насловот на првиот музички дует наПреслава и Галин, кој за радост на нивните обожователи ги обединија своите таленти и им ги исполнија нивните долгогодишни желби регистрирајќи над 600.000 прегледи во You Tube за само 24 часа.
Песната е по музика на Галин и Дејан Асенов, кој се погрижи и за нејзиниот аранжман, додека пак текстот е соработка повторно помеѓу Галин и Николај Гурманов. Видеото кое го привлече вниманието на фановите, оставајќи позитивен впечаток е дело на режисерот Виктор Антонов, со камерман Радослав Гочев.
![]() |
| „Така ни се пада“ |
После албумот „Да гори в любов“ кој излезе на 9-ти септември, Преслава не престанува да ги изненадува пријатно своите верни обожователи, кои нестрпливо очекуваат еден ден да ги израдува и со свој голем самостоен концерт.
Во прилог, погледнете го видеото:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ




