Преслава и Софи Маринова изненадија со својот прв дует

Бугарската попфолк дива Преслава и иконата Софи Маринова, изненадија со дуетот „Мангава тут”, кој од страна на нивните обожователи е долгоочекуван. Песната е по музика на грчкиот композитор Никос Карвелас, со аранжман на Даниел Ганев, а за текстот се погрижи Петја Радева. Режисер на видеото во ориенталски стил е на Виктор Антонов, кое може да го погледнете во официјалниот канал на Преслава во Youtube, но се врти и по програмата на Планета Тв.

Песната ги руши сите рекорди на слушаност, а премиера на живо направи сношти во салата „Арена Армеец“  во Софија, за време на големиот солистички концерт на Софи Маринова, каде што публиката ја пееше во еден глас заедно со нив, што е уште еден доказ дека повторно Преслава го има хитот на сезоната, но и дуетот на годината.

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Grand Music Studio

©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *