![]() |
Елена Јовческа и Стојне Николова |
Елена Јовческа и Стојне Николова кои важат за едни од нашите познати попфолк пејачки, одлучија на македонската публика да и претставаат нешто несекојдневно, следејќи ги музичките трендови во регионот.
Станува збор за микс од четири минути снимен во студиото на Бобан Мојсовски, а за видеото се погрижија од Ин Продукција. Миксот опфаќа неколку песни од поп и попфолк музиката, но и од нашата народна фолкорна област. Како што споделија двете изведувачки, главен „виновник“ за овој проект е Елена, за која мора да признаеме дека оваа година е најактивна наша пејачка претставувајќи доста нови песни од различни жанрови, но, таа направи одличен избор кога за овој дуел ја избра нејзината колешка Стоје Николова, бидејќи гласовите им се совпаѓаат.
![]() |
Елена Јовческа и Стојне Николова |
„Со Стојне приватно доста се дружиме и искрено за да направиш еден ваков проект треба да бидеш доста близок со одреден човек, за да излези нешто кое ќе остави позитивен впечаток кај публиката. Се надевам тоа и го постигнавме со овој микс, бидејќи реакциите се навистина позитивни и тоа може само да ме радува и исполнува со мотив уште повеќе да работам“ – сподели за нас Елена, а во прилог погледнете за што станува збор.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Лична архива