![]() |
Ариа |
Ариа е новото пополнување во рамките на музичката компанија „Пајнер“ во соседна Бугарија и веќе една година се радува на одличен прием кај публиката. После успешниот дует со нејзината колешка Алисија кон песната „Кой“ , таа ја претстави првата песна за 2020 -та година која носи наслов „Късай”.
Песната ја направи својата премиера пред три дена и веќе се радува на огромен успех. Таа е дело на македонскиот композитор Јорданчо Василкоски – Оцко, со текст дело на самата изведувачка, Александар Попов и Петар Петров. Режисер на видеото кое собра суперлативи од страна на публиката е дело на режисерот Виктор Антонов, со камерман Радослав Гочев.
![]() |
Ариа |
Во прилог, погледнете ја песната: