(Видео) Тања Маринова со нов музички предлог за оваа сезона

Тања Маринова


Тања Маринова вчера по телевизија „Планета“ ја претстави својата најнова песна „Уникат“.

За само неколку месеци колку што е дел од музичкото семејство  во музичката компанија „Пајнер“, со своите музички проекти започна да собира се поголема популарност помеѓу публиката, а ексклузивно ви откриваме дека ќе присуствува на големиот концерт на познатата телевизија во Пловдив на 3-ти декември.
 

Тања Маринова

Песната „Уникат“ е по музика на композиторот Дејан Асенов, со текст на Александар Попов и Петар Петров кои предизвикаа лавини од позитивни коментари низ социјалните мрежи. Видеоспотот го изработи режисерот Николај Скерлев, а во него имаме можност да ја видиме Тања во малку поинакво светло, демонстрирајќи одлична фигура.

Тања Маринова



Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *