Се подготвува спектакал на годината: Телевизија Планета го прославува својот 17-ти роденден!

Нова Година наближува, а со тоа и омилениот период од годината, кога расте возбудата кај луѓето каков подарок да им подарат на своите најблиски.

Телевизија Планета по тој повод, во онлајн продавницата – eMAG.bgво продажба го пушти својот нов луксузен лимитиран календар, во кој ДесиСлава, Анелија, Марија, Преслава, Цветелина Јанева и Джулија греат на неговите страници, заедно со Галена, Јаница, Емилија, Кали и Джена.
Датата за големиот настан по повод 17-тиот роденден на познатата музичка телевизија во соседна Бугарија, е закажана за 4-ти декември во Арена Армеец во Софија, за кој веќе течат последните подготовки сврзани околу кореографијата, па се до кои песни ќе има можност публиката да ги слушни, а со сигурност нема да помини без големите хитови од оваа година, но и оние песни кои оставија своја трага во музичката историја.


Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *