![]() |
Тања Маринова |
Тања Маринова е името за кое ќе се зборува многу почесто кога станува збор за попфолкот во соседна Бугарија, но и за народната музика, затоа што младата пејачка е талентирана, музички образована и одличен вокал.
За само неколку месеци колку што е дел од музичкото семејство во музичката компанија „Пајнер“, со своите музички проекти започна да собира се поголема популарност помеѓу публиката, а ексклузивно ви откриваме дека подготвува и нова песна, за која сними и видеоспот.
Засега таа не открива кои се авторите на песната, но откриваме дека видеоспотот е повторно дело на Николај Скерлев, а што точно ни има подготвено останува да видиме.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ