![]() |
Джена |
На музичкиот пазар наскоро се очекува појавата на вториот долгоочекуван народен албум на пејачката Дженаво соработка со познатиот оркестар „Канарите“,а по тој повод слушателите веќе можат да се насладат на неколку песни од него.
На 15 -ти јуни први во јавност се појавија песните „Замръкнала хубава Яна” и „Кучета лаят“, снимени во близина на градот Несебар, а вчера своја премиера ја направија песните „Петър Румяна думаше”, „У Недини равни двори“,„Слънцето трепти, захожда“ и „Калина болна легнала“.
„Пријатели, ви ја претставувам песната „Петър Румяна думаше”, во моја изведба заедно со оркестар Канарите. Многу малку луѓе знаат, дека таа доста популарна песна и омилена на сите бугари е авторско дело на мојот свекор Атанас Стоев.“ – сподели Джена.
Во прилог погледнете ги песните, за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат и ќе бидат слушани и во изведба на Джена, за која потсетуваме дека има завршено музичко училиште и важи за една од најпознатите пејачки во соседна Бугарија:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ