Глорија и Лепа Брена на една сцена – одржаа незаборавен концерт во Бугарија

 

Две од најголемите балкански ѕвезди Глорија и Лепа Брена направија одличен концерт во соседна Бугарија, минатата вечер.

Настанот кој привлече големо внимание кај обожователите на овие две диви, беше незаборавен и се одржа  во „Ботев парк“ во градот Козлодуј, а поводот беше празник на градот. Посетеноста говореше сама по себе, дека забавата беше голема и незаборавна.

Глорија како и секогаш блескаше на сцената, исполнувајќи ги своите најголеми хитови, а публиката пееше во еден глас со неа. Подоцна за убавото расположение се погрижи и Лепа Брена со вечните хитови Robinja“, „Bolis I ne prolazis, Luda za tobom, а двете изведувачки ја запечатија средбата и со заедничка слика.


Бугарската дива неодамна ја израдува публиката со  нови народни песниС ЛЮБИМИТЕ ХОРА“ која е во дует со Николај Славеев, „ПЕСЕН ЗА ПРИЯТЕЛИТЕ“,  „ДА ПРАЗНУВАМЕ“ кои се нејзино дело , а ја преработи и познатата песна “Пиј, куме пиј“. Специјално учество во песните имаат едни од најдобрите музичари во Бугарија, Србија, но и од нашата држава, меѓу кои и Недјалко Недјалков и Дани Милев.


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Глорија/ Лепа Брена

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *