![]() |
Преслава |
Од пред неколку дена жолтите медиуми низ соседна Бугарија, се обидуваат по секоја цена да направат скандал помеѓу Преслава и Галена, кои се колешки во музичката компанија „Пајнер“, искористувајќи ја ситуацијата дека Галена е позитивна на Ковид 19.
По тој повод, Преслава јасно им стави до знаење на сите дека и покрај тоа што не се дружи приватно со својата колешка, не е „монструм“ како што ја нарекоја некои сајтови и дека сепак ја побарала на телефон Галена за да и посака побрзо да оздрави таа и нејзиниот син Алекс.
„Јас ја побарав Галена уште пред неколку дена. Сакав лично да ја слушнам и да знам како е, наместо да напишам едно „Побрзо оздравувај“ во Инстаграм“ – категорична е таа.
Потсетуваме дека, години наназад Преслава и Галена се мета на жолтите медиуми во Бугарија, а тоа е повод луѓето веруваат во такви измислени приказни кои не се потврдени официјално од нивна страна, ниту пак од музичката компанија „Пајнер“ и телевизија Планета.
Автор – адв.м-р Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ
Фото – Планета ТВ