![]() |
Емилија |
„Бидете мили со своите блиски“ им посака бугарската пејачка Емилија на своите обожователи, откако ги израдува покрај со новата песна која е во дует со грчкиот изведувач Аристос Константину – „В София дойде” ( Во Софија дојде), со нова божиќна фотосесија.
На кадрите покрај неа, се појавуваат Мира, Иван, Софија и нивните две кучиња. Не е тајна, дека Емилија е посреќна од секогаш откако е дел од семејството Башур, а тоа е видливо и на следните кадри:
„Давајте повеќе љубов и бидете благодарни. На себе си и на сите оние кои ве сакаат. Приказната ја пишиме самите ние. Празниците стануваат попразнични кога сами си ги прави такви. Божиќ е низ целиот свет, треба само да подариме љубов. Бидете здрави, бидете среќни и благословени“ – дополни таа, а нејзините обожователи низ социјалните мрежи и возвратија со поздрави кон неа и нејзиното семејство со желби за сѐ најубаво во новата година.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Лична архива