Анелија ќе го претстави својот нов албум „Феноменална“ со концерт кој во моментов таа го подготвува. Таа имено ќе ги испее сите песни од албумот во живо и објави дека на концертот ќе има многу изненадувања, меѓу кои дека и некои нејзини стари хитови ќе бидат претставени со нови аранжмани.
– „Излегувањето на новиот албум е настан за мене и моите фанови заслужуваат да го претставам на најдобар начин“ – сподели Анелија за Планета Тв.
Потсетуваме дека ѕвездата на „Пајнер“ изнесе концерт пред две години, во Софија со кој тогаш прослави успешни 10 години на музичката сцена.